Skip to main content
ПОРАЗ ОД ДАНСКА СО 4-0

Ужас: Македонија со нула шутеви до нула голови

Ужас. Тоа може да се каже за вчерашниот настап на македонската репрезентација на бараж мечот против Данска( 4-0). Ова беше еден од најслабите настапи на нашиот тим ,заедно со дебаклот против Англија или Велс. И овој е на тоа ниво.  Неславно деби на селекторот Гоце Седлоски. Новиот тим беше со неколку измени, но костурот горе-долу ист. 

foto FFM

Македонија одигра очајно и само чудо нѐ спаси да не примиме гол уште во првото полувреме. Премногу повлечено, им го оставивме на Данците целиот терен. Одбраната „шуплива“, а најслаб беше Стојчевски кој фудбалски кажано не затвори ниту една топка.

Нападот отсечен, а тоа го покажува и статистиката. Таа е немилосрдна. Данците девет шутеви во рамките на голот ние нула. Поседот на топка 68 со 32 , се разбира во корист на домаќините.

Ова беше прв меч за селекторот Седлоски, но ако вака продолжи нема да биде чудо да се бара одоговорност од него. А следните квалификации само што не почнале. Септември ене каде е.

Поврзани вести