Skip to main content

Тухел признава: Англија не е фаворит на СП 2026

Селекторот на Англија, Томас Тухел, изјави дека не треба да ја нарекуваат Англија фаворит на Светското фудбалско првенство во 2026 година.

– Ако никогаш не сте го освоиле Вимблдон, можеби сте еден од фаворитите, но не сте фаворит. Така е. Тука се Бразил, Аргентина, Шпанија и Франција, и сите неодамна го освоија Светското првенство. Тоа не значи дека Англија нема шанса. Прво ќе се квалификуваме, а потоа ќе знаеме точно зошто одиме таму. Сакаме да одиме до крај, но нашите цели мора да бидат јасни. Не гледам зошто треба да се оптоваруваме со идејата дека сме фаворити. Кога последен станавме светски шампиони? Да го одиме чекор по чекор. Градиме тим подготвен да победува, чекор по чекор, и се надеваме дека никој нема да сака да игра против нас, изјави Тухел за „Гардијан“.

Англија единствената титула светски фудбалски шампион ја има освоено во 1966 година.

Актуелен фудбалски планетарен првак е Аргентина