
Иднината на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид и натаму е неизвесна. Договорот на фудбалерот му истекува во 2027 година, иако во последно време се зборува и за напредок во преговорите за продолжување на соработката. За услугите на играчот интерес има и од клубови од Саудиска Арабија.
Не се чувствував добро, особено кога ми свиреа од трибините. Имаат парво на тоа дека плаќаат скапи влезници. Му верувам на претседателот и сакам да останам што е можно подолго и во вистински момент се ќе биде решено, изјави Винисиус.
Играчот на Реал Мадрид беше прогласен за најдобар во седмото коло од Лигата на шампионите против Монако, од страна на УЕФА откако беше стрелец на еден гол и асистираше за два гола.

Македонски




