Skip to main content

Сити киксна, Гвардиола уште се надева на титулата

Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, го коментираше нерешениот резултат 2:2 со Нотингем во 29. коло од англиската Премиер лига.

– Разочаран сум од резултатот. Повторно направивме сè како што треба, имавме шанси кон крајот и во текот на целиот натпревар. Секогаш се обидуваме да го дадеме најдоброто од себе. Имаше многу добри шанси, но требаше да постигнеме повеќе. Важно е да се победи дома, но Сити продолжува да расте. Промашениот пенал? Немам што да кажам. Трката за титулата? Пред нас е натпревар против Њукасл во ФА Купот, потоа натпреварот од Лигата на шампионите во Мадрид, одиме чекор по чекор. Навикнати сме да играме на многу турнири. Сè уште има многу натпревари пред нас, не е ништо готово, изјави Гвардиола по синоќешниот натпревар.

Поврзани вести