Skip to main content

Сите средства од средбата Македонија – Велс за семејствата на настраданите во Кочани

Фудбалската федерација на Македонија реши да ги пренамени сите средства од продажбата на билети за натпреварот против Велс во мундијалските квалификации и истите ќе завршат на сметката на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

Се очеува националната арена „Тодор Проески“ да биде исполнета до последно место, а навивачите да дадат голема поддршка за нашите репрезентативци, но воедно да искажат и сочуство за сите семејства кои претрпеа огромна загуба и траума.

Цената на влезниците изнесува 300 и 400 денари. Македонија ќе ја пречека селекцијата на Велс на 25 март, со почеток во 20:45 часот.

Поврзани вести