
Со целосен респект за противникот, но со својата игра, со својата поставеност и фудбалска филозофија.
На овој начин. тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, го најави планот за игра против Лозана во првиот натпревар од квалификацискиот двомеч во Конференциската лига на УЕФА.
Секогаш зависи од тоа како противникот ќе настапи и колку и како ќе ни дозволи да играме. За мене е најважно како моите фудбалери ќе излезат и како ќе се покажат на теренот со цел да ја израдуваме публиката“, изјави Седлоски на прес-конференцијата пред последниот тренинг на „црвено-црните“ пред дуелот со Лозана.
Седлоски истакна дека знае што може да очекува од противникот, со оглед на неговата играчка кариера која го однесе и во Австрија, каде што, како што кажа, се игра сличен фудбал како во Швајцарија.
Не очекува тежок натпревар против цврста екипа, како и сите во швајцарскиот фудбал, кој постојано напредува. Ова ќе биде поинаков дуел од тој во Сан Марино во претходното коло кога се соочивме со бункер. Ќе треба да покажеме карактер на теренот“, истакна Седлоски.
