
Холанѓанецот Патрик Клајверт поднесе оставка од функцијата селектор на индонезиската фудбалска репрезентација, објави тамошната асоцијација.
Договорот на 49-годишникот е раскинат со заедничка согласност на двете страни.
Клајверт ја презеде функцијата на 8 јануари оваа година и беше на таа позиција нешто повеќе од девет месеци.
На 11 октомври, Индонезија загуби со 1:0 од Ирак во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, губејќи ги шансите за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Клајверт беше помошник селектор на Холандија и Камерун, ги водеше АЗ Алкмар и НЕЦ, ги тренираше младинските тимови на ФК Твенте и Ајакс, а беше и селектор и на Курасао и тренер на турскиот клуб Адана Демирспор. Тој, исто така, имаше менаџерски позиции во ПСЖ и Барселона