
УЕФА, на своите социјални мрежи, му оддаде почит на Сулејман Ал-Обеид, кој се смета за еден од најголемите фудбалери во палестинската историја, по неговата смрт во израелски воздушен напад во Газа.
Европската куќа на фудбалот посвети објава во негова чест, пишувајќи:
Се збогуваме со Сулејман Ал-Обеид, „палестинскиот Пеле“. Талент кој им даде огромна надеж на безброј деца, дури и во најтемните времиња“.
Објава во која не беше спомената причината за неговата смрт, што го натера египетскиот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах да побара повеќе информации од УЕФА.
Можете ли да ни кажете како почина, каде и зошто?“
Реакцијата на египетскиот напаѓач на Ливерпул, кој го критикуваше недостатокот на информации во публикацијата, брзо предизвика илјадници реакции.

Сулејман Ал-Обеид, со прекар „палестинскиот Пеле“, беше убиен во израелски воздушен напад врз оное што чекаат хуманитарна помош во јужниот дел на Појасот Газа“, објави Палестинската фудбалска федерација.
Ал-Обаид ја почна својата кариера во Хадамат Ал-Шати, подоцна се приклучи на Младинскиот клуб Ал-Амари во окупираниот Западен Брег, а подоцна и на Спортскиот клуб Газа. Својот прв меѓународен гол го постигна против Јемен во 2010 година и учествуваше во квалификациските натпревари за АФЦ Челинџ Купот и Светското првенство во 2014 година.
За време на неговата богата кариера, Ал-Абид постигна повеќе од 100 гола, поради што многумина го сметаат за најдобар играч во историјата на палестинскиот фудбал. Тој почина на 41-годишна возраст и имаше пет деца.