
Фудбалската репрезентација на Египет се пласираше во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации, откако вчера го победи Бенин со 3:1 по продолженија, во осминафиналниот дуел во Агадир.
Египет поведе со голот на Марван Атија во 69. минута, а Зодел Доса израмни во 83. минута и го однесе натпреварот во продолженија.
Египќаните ја вратија предноста со голот на Јасер Ибрахим во 97. минута, додека точка на победата стави Мохамед Салах во четвртата минута од судиското продолжение.
Египет во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу актуелниот африкански шампион Брегот на Слоновата Коска и Буркина Фасо.
Преостанатите осминафинални дуели се Нигерија – Мозамбик и Алжир – Конго.
Засега се познати две четвртфинални пресметки во кои Мали ќе игра против Сенегал, а Камерун против домаќинот Мароко.
Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 9 и 10 јануари

Македонски






