
Петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, ќе заработува рекордни 263 милиони евра годишно според новиот договор со саудискиот фудбалски клуб Ал-Наср, објави денеска добро информираниот новинар Танкреди Палмери на социјалната мрежа Икс.
Четириестгодишниот португалски напаѓач потпиша нов договор со Ал-Наср до 2027 година.
Роналдо е петкратен освојувач на Лигата на шампиони, европски првак и двократен освојувач на Лигата на нации со Португалија, како и најдобар стрелец во историјата на националните тимови, европските првенства, Лигата на шампиони и Светското клупско првенство. Воедно, Роналдо е првиот фудбалер кој достигна 900 голови во кариерата на официјални натпревари.
Зад него според заработката во светот на фудбалот се францускиот напаѓач на саудиски Ал-Итихад, Карим Бензема и аргентинскиот напаѓач на американскиот Интер Мајами, Лионел Меси, кои заработуваат 200 милиони евра годишно