Skip to main content

Порто го отпушти тренерот

Facebook / FC Porto
Facebook / FC Porto

По само пет месеци, Порто се раздели со тренерот Мартин Анселми.

Во сезона во која заврши на третото место во домашното првенство, далеку од борбата за титулата, Порто испадна во групната фаза на Светското клупско првенство.

Информациите велат дека Анселми ќе бара веднаш да му биде исплатен договорот во целост. А тоа не е мала сума пари за Порто во овој момент – четири милиони евра. Порто продолжува да ги исплаќа платите и на неговиот претходник Витор Бруно.

Останува да се види кого ќе избере клубот да ги води во новата сезона.