Skip to main content

Наместо Пауновиќ нов селектор на Србија ќе биде тренерот на Црвена звезда

Владан Милојевиќ, тренер на Црвена Ѕвезда од Белград, ќе биде назначен за нов селектор на репрезентацијата на следната седница на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија закажана за 17 октомври. Паралелно, до зимската пауза и истекот на договорот со црвено-белите, тој ќе ја предводи и Црвена Ѕвезда од Белград во Суперлигата и Лигата на Европа.

Дебито на клупата на репрезентацијата ќе го има на Вембли во Лондон на 13 ноември. Три дена подоцна, во недела на 16-ти, тој ќе ја предводи Србија во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 година, против Латвија во Лесковац.

Поврзани вести