Skip to main content

На Јуве не му одговара монденското Комо

Јувентус попладнево претрпе пораз од Комо на гостински терен со 2:0 во седмиот натпревар од сезоната 2025/26 во Серија А.

Головите ги постигнаа Марк-Оливер Кемпф и Нико Паз, кој исто така имаше и асистенција.

Комо ја продолжи својата серија без пораз во италијанското првенство на пет натпревари – две победи и три нерешени резултати. Екипата на Сеск Фабрегас е на 5. место со 12 бода.

Јувентус го претрпе првиот сезонски пораз во Серија А, откако претходно имаше три победи и три нерешени резултати. Екипата предводена од тренерот Игор Тудор е на 6. место со 12 бода

Поврзани вести