Skip to main content
Победа на македонската фудбалска репрезентација

Македонија, гредата и дирекот издржаа во Казахстан: „Рисовите“ се на првото место во квалификациите за Мундијалот

Македонската фудбалска репрезентација се враќа од Казахстан со победа од 1:0 и со огромни три бодови, коишто во моментов не носат на првото место во квалификациската група за Мундијалот во САД, Каада и Мексико во 2026 година, во која се и селекциите на Белгија, Велс и Лихтенштајн.

Бодовоти се огромне, не затоа што се освоени против некоја голема репрезентација, туку поради тоа како се одвиваше второто полувреме на дуелот во Астана.

Откако првиот дел од натпреварт го завршивме со предност од 1:0, со голот на Александар Трајковски во 33 минута, во второто полувреме, Казахстанците притиснаа, за што придонесе и тоа што ние свесно се повлековме во обид евентуално да дојдеме до можност за втор гол од контранапад. Втор погодок немаше, но затоа имавме гоема доза на среќа, со оглед на тоа што, покрај неколкуте одбрани на Столе Димитриовски, Казахстанците по еднаш погодија во гредата и во дирекот, кога нашиот голман веќе беше совладан.

Таквиот развој на случувањата на теренот, со секоја измината секунда ја зголемуваше тензијата во нашите редови, а за тоа придонесоа и деветте минути дополнително време, колку што покажа четвртиот судија.

Сепак, во судиското надополнување, умешно го потрошивме времето и во Скопје се враќаме со вкупно осум бодови на нашето конто, со што, во очекување на исходот од дуелот меѓу Белгија и Велс, ни овозмужуваат да бидеме на првото место во групата, коешто на крајот ќе обезбеди директен пласман на Мундијалот.

Поврзани вести