
Фудбалските ѕвезди Лука Модриќ, Јошко Гвардиол и Златко Далиќ имаат само убави зборови и честитки за Гоце Седлоски, кој неодамна беше именуван за селектор на најдобрата машка фудбалска репрезнетација на Македонија.
На социјалните мрежи на Фудбалската репрезентација на Македонија е објавено видео во кое тие тројца му посакуваат многу успех и му честитаат за назначувањето на селекторката функција.
За преземањето на функцијата селектор добив честитки од луѓе кои се светски величини и мои поранешни соиграчи, Лука Модриќ, Јошко Гвардиол, селекторот Златко Далиќ и многу други. Тоа за мене е чест и дополнителна одговорност. За разлика од самопрогласени „величини“ кај нас, кои од суета не можат ниту да кажат „со среќа Македонијо. Мене ме интересира само едно, успехот на репрезентацијата. Македонија е над секое име, над секоја лична фрустрација и над секоја суета, вели Седлоски.
По изборот на Седлоски за селектор на најдобрата, А – репрезентација, се јави поранешниот селектор Игор Ангеловски – Мрме, кој упати тешки зборови кон новото раководство на Фудбалската федерација на Македонија, несогласувајќи се со изборот на „изборникот“ на најдобите македонски фудбалери.
На тоа му врати Горан Пандев, кој му посочи дека му е време за во пензија, потоа претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, кој кажа дека ангажамните на Мрме се пократки од рокот на траење на еден јогурт, а со поддршка за Седлоски се јавија повеќе истакнати фудбалски имиња.

Македонски





