
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) размислува за неколку измени во новиот формат на Лигата на шампионите.
Како што пишува „Билд“, УЕФА може да ги укине продолженијата во натпреварите од плејофот.
Покрај тоа, осумте најдобри клубови на крајот од првата фаза може да добијат право да ги одржат реванш натпреварите од плејофот на нивниот домашен терен.
Од сезоната 2024/25, нема веќе групи во првата фаза и наместо 32 екипи, учествуваат 36 кои формираат единствена табела. Секоја екипа игра осум натпревари, како резултат на кои првите осум на табелата одат директно во осминафиналето на турнирот, а уште 16 клубови играат во плејоф рундата