Skip to main content

Ливерпул ќе плати 55 милиони фунти за 20-годишниот Французин Жереми Жаке

Instagram / j.jacquet97

Ливерпул ќе го доведе во своите редови 20-годишниот француски дефанзивец Жереми Жаке од Рен, откако клубовите се согласија околу трансферот во висина од 55 милиони фунти, објави агенцијата ДПА.

Се очекува трансферот да биде комплетиран во текот на летниот преоден рок.

„Скај Спорт“ објави дека Жаке треба да пристигне на „Мерсисајд“ пред почетокот на сезоната 2026/27.

Репрезентативецот на Франција до 21 година и потекнува од академијата на Рен, а оваа сезона има 18 настапи за првиот тим.

За потписот на Жаке беше заинтересиран и Челзи. 

Поврзани вести