Skip to main content

Легендарниот јапонски фудбалер Казу Миура на 60-годишна возраст потпиша нов договор

Јапонската фудбалска легенда Казу Миура ќе го прослави својот 60. роденден како професионален фудбалер откако го продолжи договорот со третолигашот Фукушима Јунајтед до јуни 2027 година.

За Миура ова ќе биде 42. професионална сезона во кариерата.

Одлучив да ја продолжам мојата авантура во Фукушима Јунајтед. Ќе продолжам да горам од страст да давам сè од себе на секојдневните тренинзи за да му помогнам на клубот да се бори за пласман во втората лига“, објави Миура.

Миура претходно овој месец се појави на теренот на возраст од 59 години, три месеци и 12 дена, дополнително зацврстувајќи го сопствениот рекорд како највозрасен професионален фудбалер во светот.

Својата професионална кариера Миура ја почна во 1986 година во бразилскиот клуб Сантос, а за јапонската репрезентација 89 натпревари и постигна 55 голови, но никогаш не настапи на Светско првенство. 

Поврзани вести