Skip to main content

Ќе биде ли сефте? Шкендија без победа против бугарски екипи

Шкендија во пресрет на вечерашниот меч со Лудогорец е без победа против бугарски екипи.Покрај официјалните, имало и два познати пријателски натпревари меѓу Шкендија и бугарски клубови:

11 февруари 2017 – Шкендија загуби од ЦСКА Софија со убедливи 1:8, во пријателски натпревар.

25 јуни 2025 – реми 1:1 против ЦСКС Софија, повторно во пријателски дуел.

Ќе биде ли вечерва сефте триумф?

Во таков расплет на дуелот верува и тренерот на тетовчани Јетон Беќири, кој на официјалната прес-конференција на „црвено-црните“ истакна дека противникот е фаворит на хартија, но најави голема борба, добар фудбал и дека се надева на изненадување во овој двомеч. 

Нè очекува тежок натпревар затоа што ние играме против еден противник кој речиси секоја година игра во групите во Европа. Затоа треба да дадеме максимум, да бидеме многу сериозни. Сега немаме многу простор со почетокот на домашното првенство, имаме малку денови да се спремаме, но мора да го дадеме максимумот и во Европа и во нашата лига. Досега сум задоволен од речиси сите натпревари кои ги одигравме во Европа. Не сум задоволен само од оној во Баку, пред сè не сум задоволен од себеси за тој меч. Нормално дека притисокот е помал од претходно кога игравме плеј-оф за Лига Европа и кога бевме елиминирани. Сега е сменето натпреварувањето, знаеме дека ќе играме во група и сме помирни.

Поврзани вести