Skip to main content
_B_Ys-JwgVU

Јунајтед се спаси од пораз: Шешко конечно даде гол

 Вест Хем ремизираше 1:1 со Манчестер јунајтед синоќа во 26. коло од англиската фудбалска Премиер лига. Натпреварот се одигра на „Лондон Стадион“.

Во првото полувреме немаше голови. На почетокот на второто полувреме, напаѓачот на Вест Хем, Томас Соучек, го отвори резултатот. Во 63. минута гостите постигнаа гол преку Каземиро, но VAR системот го поништи погодокот поради офсајд. Сепак, Манчестер јунајтед се спаси од пораз во судиското продолжение, со голот на Бенџамин Шешко во 90+6 минута.

Вест Хем ја прекина серијата од четири победи на Манчестер јунајтед и се наоѓа на 18. место на табелата во Премиер лигата со 24 бода. Манчестер Јунајтед е четврти со 45 бода.

На другите три премиерлигашки натпревари одиграни синоќа:
Челзи – Лидс 2:2
Евертон – Борнмут 1:2
Тотенхем – Њукасл 1:2

Поврзани вести