Skip to main content

Инзаги си оди од Интер по дебаклот во ЛШ

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги утре ќе одлучи за својата професионална иднина. Според инсајдерот Фабрицио Романо, Инзаги е се сретне со раководството на „Нероаѕурите“. 

Италијанските медиуми неодамна објавија информација дека Инзаги има богата финансиска понуда од саудиски Ал-Хилал.

Актуелниот договор на 49-годишниот италијански фудбалски стручњак со Интер е до 30 јуни 2026 година.

Во саботата Интер загуби од ПСЖ со 5:0 во финалето на Лигата на шампионите.

Претходно тимот на Инзаги остана без трофејот во Серија А, како и во Купот на Италија

Поврзани вести