Skip to main content

Инзаги по поразот од Милан: Заморот не може да биде изговор

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги даде свој коментар за поразот од Милан (0:3) во полуфиналето на Купот на Италија.

– Мораме да продолжиме да одиме напред. Има и физички и психички замор, треба да бидеме посилни од сето ова. Овој пат ни донесе многу радост, но и разочарувања, како оваа вечер. Требаше да играме подобро. Ни недостасуваше острина во двата шеснаесетник во клучните моменти од натпреварот.
Замор? Ова не може да биде изговор. Треба да покажеме максимална концентрација, а денес не го сторивме тоа. Секој тим се справува со замор. Имавме позафатен распоред од другите, но повторно, тоа не е оправдување. Ако не се пласиравме во финалето, тоа значи дека не сме направиле доволно. Останува уште еден месец и треба да продолжиме да работиме со доверба. Милан ја заслужи оваа победа вечерва и правилно е што е во финалето. Ќе се обидеме да се рехабилитираме и да дадеме се од себе во недела против Рома, изјави Инзаги за „Football Italia“.

Поврзани вести