Skip to main content

Флик за триумфот на Барселона против Лас Палмас: Не игравме најдобро, но најважна е победата

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не е задоволен од играта на неговите фудбалери на синоќешниот натпревар со Лас Палмас од 25. коло на шпанскиот шампионат.

Барселона победи со 2:0 со головите на Олмо и Феран Торес во второто полувреме.

По натпреварот се чувствувам уморен. Не одигравме најдобро. Беше многу тежок натпревар, но најважно е тоа што победивме. Не одигравме најдобро но затоа имаме играчи на клупата кои добиваат шанса да покажат што знаат. Голот на Олмо беше многу важен и за нас и за него. Неговото појавување на теренот беше многу позитивен момент, ја цитира „Marca“ изјавата на Флик.

По овој меч Барселона е прва во поредокот со 54 бодови, еден бод повеќе од Атлетико и три бода пред Реал Мадрид, кој има натпревар помалку. 

Лас Палмас е на 17. место со 23 бодови. 

Поврзани вести