Skip to main content

Енрике: Му се восхитуваме на Баерн, но тоа е мотивација да бидеме подобри

Европскиот првак ПСЖ е на чекор до ново финале и шанса да ја брани титулата во Лигата на шампионите. Францускиот тим на првиот дуел имаше предност од 5:2, но не успеа да ја задржи и вечерашниот реванш во Минхен ќе биде исклучително тежок.

–    Ќе играме во Минхен и ќе се стремиме да бидеме поконкурентни од кога било. Рафа Надал еднаш рече дека во еден момент од неговата кариера, неговите мечеви против [Роџер] Федерер и [Новак] Ѓоковиќ беа најдобрата мотивација за него. Тоа е она што го сакаме. Му се восхитуваме на Баерн, но тоа е мотивација да бидеме подобри. Ќе се обидеме да го победиме тимот што игра сензационално, изјави тренерот на ПСЖ Луис Енрике.

За важноста на натпреварот се осврна и капитенот на европскиот првак Маркињос:

–     Натпреварот таму ќе биде ист – луд натпревар помеѓу два тима кои сакаат да победат и да постигнат гол. Треба да одиме таму со ист менталитет, иста личност, за да можеме да направиме неверојатна работа таму.

Прв финалист е екипата на Арсенал која со вкупен резултат 2:1 го елиминираше Атлетико Мадрид и го чека ривалот за финалето на 30.мај во Будимпешта. 

Поврзани вести