Skip to main content
Сериозен удар за одбраната на „Кралскиот клуб“

Едер Милитао ќе отсуствува 3-4 месеци поради повреда

Facebook / Éder Militão

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао, ќе отсуствува 3-4 месеци поради повреда, објави новинарот Фабрицио Романо.

На 27-годишниот Бразилец му е дијагностицирана повреда на бутен мускул на левата нога, како и повреда на тетивата. Тој се повреди синоќа во поразот (0:2) од Селта Виго во 15. коло од шпанската фудбалска лига.

Бразилскиот стопер има одиграно 16 натпревари во сите натпреварувања во сезоната 2025/26, постигнувајќи еден гол и една асистенција.

Во сезоните 2023/24 и 2024/25, Милитао претрпе неколку сериозни повреди, вклучувајќи и скинување на вкрстените лигаменти, поради што пропушти над 100 натпревари. 

Поврзани вести