Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски конечно ќе дебитира за Валенсија во шпанската Ла Лига, а тоа го потврди екипата пред мечот против Рајо Валјекано.
Димитриевски ќе го искористи отсуството на Гиорги Мамардашвили, кој се здоби со посериозна повреда на десната нога.
Македонецот досега бранеше на два меча за „лилјаците“ во шпанскиот Куп каде што Валенсија оствари победи.
Валенсија по 14 одиграни меча се наоѓа на претпоследната позиција во шпанскиот шампионат со само 10 освоени бодови.
⚽ XI INICIAL 🆚 @RealValladolid #RealValladolidValencia 🟣🦇#ADNVCF pic.twitter.com/uT9wgJmF9Q
— Valencia CF (@valenciacf) December 13, 2024