Skip to main content

Данскиот селектор ветува дека нема да ja потцени Македонија

Данска е противникот на македонскиот фудбалски тим во првиот бараж дуел за пласман на Светското првенство 2026. Секоја репрезентација има за цел да избори пласман на Мундијалот, а во европската зона се 12 селекции, кои ќе се борат за четирите преостанати места.

Селекторот Данска, Брајан Ример во пресрет на вечерашниот дуел истакна:

–  Да успееме да се квалификуваме тоа би било голема работа за нас. Ние (Данска) сме мала земја. Имаме континуитет на учества, а уште едно би било прекрасно. Низ оваа квалификациска фаза треба да мине и една репрезентација како Италија. Мислам дека македонскиот тим е тим кој многу би го потцениле, но ние нема да го сториме тоа. Победата над Италија (бараж за СП 2022) покажува што овој тим може да направи и целосно сме свесни дека ќе треба да дадеме се од себе, за да стигнеме до посакуваниот триумф.

Натпреварот се игра на „Паркен“ стадионот во Копенхаген, а почетокот е 20:45 часот и го суди Феликс Цвајер од Германија.