Skip to main content

Дали Јунајтед ќе го лапне Шешко?

 Раководството на бундеслигашот Лајпциг сака да добие околу 75 милиони евра за својот напаѓач Бенџамин Шешко, објави новинарот Дејвид Орштајн на социјалната мрежа X. 

Германскиот клуб, исто така, очекува дека процент од идната продажба на играчот ќе биде вклучен во договорот.

Њукасл и Манчестер Јјнајтед преговараат, но сè уште не постигнале договор со Лајпциг и самиот напаѓач на словенечката репрезентација.

Шешко игра за Лајпциг од 2023 година. Порталот „Transfermarkt“ ја проценува пазарната вредност на фудбалерот на 70 милиони евра.

Во сезоната 2024/25, Шешко играше на 45 натпревари, постигна 21 гол и имаше шест асистенции.