Skip to main content

Барселона уште не може да го регистрира Олмо

Основниот суд во Барселона го одби барањето на Барселона за привремена мерка со која би се овозможила регистрација на фудбалерите Дани Олмо и Пау Виктор во шпанската Ла Лига.
Како што објави синоќа весникот „Мундо Депортиво“, ова е втор негативен исход за клубот откако Стопанскиот суд во Барселона минатата недела одби слично барање.

Барселона сега зависи од тоа дали Ла Лига ќе одобри финансиска операција поврзана со продажба на ВИП места на идниот стадион „Спотифај Камп Ноу“.
Претседателот Жоан Лапорта делумно го склучи тој договор минатиот викенд во Дубаи и сега работи на негово комплетирање во Барселона.

Во тужбата, клубот побара укинување на членот 77 од буџетските правила на Ла Лига, тврдејќи дека со него се кршат статутарните права и слободата на здружување.
По сослушувањето на двете страни, судијата во понеделникот попладне го одби барањето за времена мерка, оставајќи ја судбината на Олмо во неизвесност.