
Прв пат по две години, фудбалерите на Барселона денеска симболично се вратија на стадионот „Камп Ноу“, кој е во фаза на реконструкција, одржувајќи тренинг што беше отворен за јавноста.
Тренингот се одржа претпладнето пред 22.000 гледачи.
Цената на влезниците изнесуваше пет и десет евра, а целиот приход ќе биде наменет за проектот „Пулсерас Блаугранас“, кој собира пари за менталното здравје на хоспитализирани деца и адолесценти.
Стадионот „Камп Ноу“ е затворен од 2023 година поради реконструкција која се проценува дека ќе достигне финални 1,5 милијарди евра.
Култниот стадион е далеку од завршен и малку е веројатно дека Барселона ќе добие дозвола да игра на „Камп Ноу“ до крајот на календарската година, дури и со намален капацитет.

Македонски







