Skip to main content

Атлетико украден: Лигата на шампионите е натпреварување во кое најчесто мора да победи Реал

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Конор Галагер, синоќа постигна гол по само 27 секунди на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Дваесет и петгодишниот играч го постигна најбрзиот гол на турнирот оваа сезона. Покрај тоа, постави уште два рекорда. Голот на Галагер исто така беше најбрзиот некогаш постигнат од англиски играч во Лигата на шампионите и најбрзиот досега на Атлетико Мадрид во ова натпреварување.

Атлетико (1:0) ја анулира предноста на Реал од еден гол, но по изведување на пенали (2:4) беше елиминиран.

Во четвртфиналето, Реал ќе се соочи со Арсенал

Поврзани вести