
Селекторот на Англија, Томас Тухел, рече дека е задоволен од настапот на неговата репрезентација во првото полувреме во победата од 2-0 (1-0) над Србија синоќа во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
„Мислам дека 2-0 е реален резултат. Потребно беше време, многу трпение и напорна работа за да се победи. Мило ми е што не беше сè лесно, но се одвиваше онака како што сакавме. Се адаптиравме на противникот. Не знаевме многу за Србија, па мораше да се адаптираме. Тие знаеја сè за нас. Имаат нов селектор и нова енергија“, изјави Тухел за официјалниот сајт на УЕФА.
Англија до победата над Србија на „Вембли“ дојде со головите на Сака во 28 минута и Езе во 90 минута.
„Многу сум задоволен од првото полувреме. Во второто полувреме загубивме малку од нашиот пресинг, а тие се извлекоа неколку пати со неколку долги додавања. Комплименти за одбраната и голманот што не примија гол, но мораше да работиме напорно и имавме малку среќа во вистинските моменти“, додаде Тухел.
За Англија ова беше седма победа во седмиот натпревар во групата К, додека Србија остана без шанси за пласман на второто место кое води во баражот, откако Албанија триумфираше над Андора со 1-0 и го завери второто место со 14 бодови, четири повеќе од третотопласираната Србија

Македонски








