Skip to main content

Аморим: Додека јас сум менаџер на Манчестер јунајтед нема да има место за Рашфорд на „Олд Трафорд“

Маркус Рашфорд нема да добие уште една шанса во Манчестер Јунајтед од менаџерот Рубен Аморим. Напаѓачот е позајмен во Астон Вила до лето и таму почна повторно да ја открива својата најдобра форма.

Поради тоа, се појавија шпекулации дека тренерот на „црвените ѓаволи“ може да ја преиспита својата одлука и да го врати Рашфорд во составот, но според последните информации на „Дејли Стар“ нема шанси тоа да се случи.

Аморим сака да ангажира нов напаѓач на лето и за таа цел смета на продажба на Рашфорд за значителна сума за финансирање за потписот на новиот играч. Аморим се надева дека ќе добие најмалку 60 милиони фунти за него.

Не можев да го убедам Маркус да ја прифати мојата филозофија на фудбалот и да тренира како што јас сакам. Понекогаш играчот блеска со еден тренер, а не работи со друг. Му посакувам се најдобро и се надевам дека подобро ќе се сложува со Унаи Емери во Астон Вила бидејќи е многу добар играч, изјави Аморим кога се раздели со Рашфорд.

Од доаѓањето во Астон Вила, 27-годишниот играч одигра 9 натпревари на кои се уште нема постигнато гол, но забележа 4 асистенции. Аморим се надева дека Рашфорд ќе продолжи да го подига своето ниво на Вила Парк, а со тоа уште повеќе ќе ја подигне својата цена.

Се очекува тимот од Бирмингем да достави понуда за него во текот на летото, но не е ни чудо што има и други кандидати, особено ако Рашфорд продолжи со добрите настапи до крајот на сезоната. 

Поврзани вести