Skip to main content

Ако му биде многу ладно Меси може да одбие да игра на првиот натпревар на Интер Мајами сезонава

Аргентинската ѕвезда на Интер Мајами, Лионел Меси можеби нема да игра на првиот натпревар на неговиот тим оваа сезона против Канзас Сити. Се очекува дека температурите ќе се спуштат до минус 15 степени во вторник навечер кон среда, што би го принудило седумкратниот добитник на „Златната топка“ да одбие да игра, пишуваат американските медиуми

Меси веќе му споделил на раководството на клубот дека не планира да игра поради поларниот студ и очекуваните снежни врнежи. Тој не сака да ризикува да се повреди пред официјалниот почеток на сезоната во сабота (22.02), кога неговиот тим на домашен терен ќе го пречека Њујорк Сити.

Натпреварот против Канзас Сити ќе биде прв за Интер Мајами, кој нема официјален натпревар откако беше елиминиран од Атланта Јунајтед во првото коло од плеј-офот на 10 ноември. 

Поврзани вести