Skip to main content

„Соња“ со Мишко Крстевски и „Ти миришеш на љубав“ со Ангело, претставникот на Словенија победници на „Охрид фест“

На сцената на „Долни Сарај“ во Охрид по 32. пат, викендов се одржа Охрид фест-Охридски трубадури. „Соња“ со Мишко Крстевски и „Ти миришеш на љубав“ со Ангело, претставникот на Словенија победници на „Охрид фест“

Првата вечер беше фолк, а на 30 август се одржа интернационалната вечер со поп музика, кога настапија млади и искусни пејачи од Балканот. Меѓу гостите беа српскиот евровизиски претставник Принц и хрватскиот рокер Дадо Топиќ, кој во дует со Ана Петановска ја испеа песната „Небо“, со која во јули победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват.

Награда за особен менаџерски придонес во популарната музика ја доби Рака Мариќ, некогашен менаџер на „Бијело дугме“. Мариќ и неговата продукција „Мјузик стар“ организираа концерти на „Ролинг стоунс“, „Полис“, Били Ајдол, Лени Кравиц и други.

Од македонските поп-пејачи настапија Горан Наумовски, Агни Авшар, Тамара Волческа, Блаж Маротов, Кристијан Неделковски и други.

На фолк-вечерта, ревијална гостинка беше Сузана Спасовска со песната „Невеста охридска“ и Благоја Грујовски, а улествуваше Нино Величковски.

Поврзани вести