Skip to main content

Рака Мариќ специјален гостин на „Охрид фест“: Ќе му биде врачена награда за особен придонес во промовирањето на светската и регионална поп и рок музика во Македонија на Балканот

Познатиот менаџер Рака Мариќ од Сараево ќе биде специјален гостин на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“ кој ќе се одржи на 29 и на 30 август на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид. Мариќ ќе добие награда за особен придонес во промовирањето на светската и регионална поп и рок музика во Македонија на Балканот. Toj e познат како долгогодишен менаџер на легендарните „Бијело Дугме“, и организатор на сите нивни поголеми концерти, вклучувајќи ја и повратничката турнеја на бендот во 2005 година со сите тројца пејачи.

Во еден период од својот живот живеев на релација Скопје- Охрид. Тоа беше во времето кога имаше војна во Босна и Херцеговина, па кусо време, пред да се преселам во Грција, работев и живеев во Македонија, каде што и денес често доаѓам, како да сум дошол дома. Голема чест ми е што мојот пријател, композиторот Григор Копров ме покани како гостин на овој фестивал со традиција, и што ќе бидам награден“, вели Рака Мариќ.

Тој е основач на музичката продукција „Мјузик стар“. Мариќ и неговата продукција организираа концерти на „Ролинг Стоунс“, „Полис“, Били Ајдол, Лени Краввиц, „Дуран Дуран“ и многу други светски познати музичари. Здравко Чолиќ, Цеца Ражњатовиќ, Северина, Харис Џиновиќ, „Смак“, Нина Бадриќ, Тони Цетински, Јелена Розга се дел од балканските ѕвезди кои работеле со него. Фото: Јутјуб принтскрин, ТВ „К1“

Поврзани вести