
По подолга пауза Анита Мицова се враќа на музичката сцена, таму каде што припаѓа.
Новата песна е заедничко дело на Анита и Весна Малинова, што се однесува до музиката, аранжманот е на Мицова, текстот на Весна Малинова, снимена е во студиото на Јордан Манов, а извонредната интерпретација на Анита Мицова нема да ве остави рамнодушни.
,, Кога почнав да се занимавам со музика мислев дека забавната музика е онаа која ми лежи, неа ја сакав и уживав инерпретирајќи ја. Ама со годините и одејќи на многу свирки, открив дека умеам да се снајдам во секој жанр и дека публиката ужива во мојата изведба, па одлучив најновата песна да биде еден нов стил од мене до сите оние кои сакаат убава македонска песна” ни изјави Анита Мицова.
,,Се што имам” е тема која освојува на прва и она што е најважно, влегува во уво.
Анита Мицова ветува дека нема да прави големи паузи во однос на музиката и дека по издавањето на првиот албум сега ќе следи издавање на сингл по сингл со сериозен пристап кон публиката и ехото за она што таа го сака.

Македонски


