В сабота, на 21 декември во „Лабораториум“ во Скопје ќе се одржи првиот Урбан леџенд фестивал, а како главни ѕвезди на вечерта се Bad Copy, легендарните мајстори на балканската хип-хоп сцена и ДЏ Гоце Саф.
Ова е уникатен музички настан кој ќе ги обедини љубителите на хип-хоп културата на едно место и ќе донесе енергија и вибрации кои нема да се заборават, најавува организаторот 44 Евент Мк.
Овој фестивал претставува одлична завршница на првата успешна година на 44 ЕвентМК, кои летово веќе оставија значаен белег со големиот летен фестивал „Скопје се лади”, кој вклучуваше три незаборавни концерти на легендарните С.А.Р.С како и македонските музички ѕвезди Тајзи и Брас Брадерс.