Skip to main content

Со концерт на „Мојра“ и диџеј Кукгфулиш ќе се одбележи Светскиот ден на радиото во Литература.мк

Со концерт на „Мојра“ и настап на диџејот Кукгфулиш, вечерва во кафе-книжарницата Литератира.мк во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на радиото.

Музичкото дуо „Мојра“ е составено од Дарко Јованов и Јасна Трпкова. Нивните настапи се опишувани како хипнотизирачки, магични, етерични и вонземски.

Мојра е обликоменлива грива од преливачки набојни нишки и древни нервни завршетоци. Настапите се опишувани како хипнотизирачки, магични, етерични и вонземски. Нивните архаични зборовни преплети, глатко наместени во вешто извиткани мелодиски линии се пробивна стрела која посочува кон една плодоносна иднина на македонската музика. Низ ова треперливо творештво, нашиот јазик достигнува исклучителен поетски сензибилитет, поткрепен од пријатна и поводлива тензија на загатлива меланхолија. Проектот Мојра е обликоменливо струење од хипнотизирачки сонични нишки оптегнати од древното преку земното до волшебното. Еклектичниот полнеж содржи елементи од разнолики стилски сокаци, обвиткани во филмска, мистична и езотерична атмосфера. Изведбите пробиваат невидливи портали и дестилираат (о)појни меѓусостојби на: привлечното чудно, сонливото будно и спонтаното судно, вели организаторот.

Поврзани вести