Легендарната хрватска пејачка почина на 89-годишна возраст, објавува Jutarnji.hr. Оваа тажна вест доаѓа само два месеци откако нејзиниот син Матија Дедиќ, исто така, почина на 53-годишна возраст.
Таа беше позната хрватска поп и џез пејачка.
Родена на 8 јули 1936 година во Берлин, детството го поминала во Берлин и на Хвар.
Откако се преселила во Загреб, дипломирала на Факултетот за применети уметности, а потоа работела како цртач и сценограф во Загреб Филм.
Позната е по својот уникатен глас и придонес кон хрватската музичка сцена, а била и сопруга на Арсен Дедиќ.