Skip to main content
iTxZWpMiMk0

Охридскиот музички тандем Броз и Марама снимија нова песна „Скопјанка“

Охридскиот музички тандем Броз и Марама снимија нова песна, „Скопјанка“, весела и симпатична љубовна приказна која на духовит и несекојдневен начин зборува за љубовта кон една посебна скопјанка, но и за сите скопјанки.

Песната носи позитивна енергија и доза хумор, а преку интересната приказна ја спојува охридската музичка енергија со духот на Скопје.

Текстот за „Скопјанка“ го потпишува Огнен Неделковски, додека музиката и аранжманот се дело на Јовица Каралиевски. За песната е снимен и официјален видеоспот, чија реализација е дело на Стефан Стојкоски.

Broz & Marama се музички тандем од Охрид кој со „Скопјанка“ се претставува пред пошироката македонска публика. Нивната нова песна е создадена со едноставна идеја – љубовта, музиката и хуморот секогаш можат да ги поврзат луѓето, без оглед од кој град доаѓаат.

„Скопјанка“ е посветена на една посебна девојка, но во неа можат да се препознаат сите оние кои некогаш биле заљубени, занесени или едноставно маѓепсани од нечиј шарм.