Skip to main content

Музичари од Штип го формираа џез оркестарот „Астибо Биг-бенд“

Познати музичари од Штип, формираа џез оркестар „Астибо Биг-бенд“. Музичарот, Горан Кавраков изјави дека бендот е во вид на музички ансамбл со над десетица музичари, исто како пред неколку децении кога постојал исто ваков оркестар при тогашното КУД „Македонка“, тие ќе го заживеат ваквиот стил на музика и во Штип, со што ќе се збогати музичката сцена во градот.

Oвие денови се формираше Здружение на музичари во Штип, конкретно „Астибо Биг-бенд“. Биг бенд или џез оркестар е вид на музички ансамбл, кој се состои од десет или повеќе музичари, поделени на четири секции, односно саксафони, труби, тромбони и ритам секција.Штипјани, односно повозрасните штипјани веќе може би се сеќаваат дека првиот биг бенд оркестар во нашата држава е формиран токму во нашиот град и тоа во КУД „Македонка“, од страна и на иницијатива на Михаил Нетков. Последните денови ја имав и честа да седам со едни од основачите од овој оркестар, почитуваниот Стојан Троицки, кој ја даде целата поддршка и сите насоки за формирање на овој бенд и ни значат многу од негово име, вели Кавраков.

Процесот кој што е во тек за да овој бенд опстои, не е едноставен вели Кавраков, но истакна дека тие ќе одат чекор по чекор, за да овој сериозен оркестар повторно заживее.

Не е едноставен процесот кој ќе тече, ќе одиме чекор по чекор, затоа што станува збор за сериозен оркестар и секако штипјани го заслужуваат тоа како центар на истокот да овој оркестар повторно заживее, изјави Кавраков.

Музичари, професори, неколку студенти од музичката Академија ќе бидат дел од овој оркестар, кои тие сакаат да биде создаден на повисоко ниво, а пробите тие се надеваат ќе бидат во институциите, каде се негува музиката.

Поврзани вести