Концерт-перформансот „LIVE ON BROADWAY“ ќе се одржи вечерва ( 2 декември) со почеток во 19:00 часот. во Македонската филхармонија.
Организаторите велат дека ќе бидат изведени некои од најголемите мјузикли на сите времиња, со безвременски мелодии и песни од најомилените мјузикли во историјата на Бродвеј.
На сцената ќе го видиме харизматичниот и талентиран изведувач Рафи Бохосјан, кој ги освои срцата на публиката со својот уникатен глас и сценско присуство. Нему ќе му се придружат извонредните солисти на операта Русе – импресивната сопранистка Даниела Караиванова и драмскиот тенор Борис Луков, оркестарот и хорот на Државната опера-Русе под диригентство на Вилијана Валчева.
Ќе ги слушнеме некои од најкултните песни од големите наслови на Бродвеј како што се The Lion King, Hair, Ah That Jazz, Phantom of the Opera, West Side Story, Mamma Mia, Beauty and the Beast“ и ќе доживееме возбудливи моменти со вечните хитови на Елтон Џон, Квин, Френки Вали, АББА и многу други, велат организаторите.