
Вечерва, студентите од поп и џез катедрата при Факултетот за музичка уметност од Скопје, ќе одржат концерт со почеток во 21:30 часот, во Кафе Литература – Дајмонд Мол.
Настанот е резултат на новата соработка помеѓу радиото Џез ФМ и ФМУ – Скопје, чија цел е да се обезбеди простор за младите музичари и нивните ментори да го презентираат и промовираат својот труд и креативност, во согласност со афинитетите и современите насоки на младата џез сцена во Македонија.
Доколку не сте во можност да присуствувате лично, концертот ќе биде пренесуван во живо на фреквенцијата 100.8 MHz, како и онлајн преку веб-страната https://jazzfm.mk/.
Овој концерт го означува почетокот на една плодна соработка, преку која студентите и професорите од ФМУ Скопје ќе добијат простор во етерот на Џез ФМ радио за презентација на своите проекти, концерти и идеи.
Преку вакви иницијативи, Џез ФМ и ФМУ – Скопје прават чекор кон поддршка на младите уметници и развојот на локалната џез сцена, со надеж дека ќе се отвори поголем простор за нивна афирмација, соработка и творештво.