Skip to main content

Градот стана звук: Промоција на плочата „We Pretend It’s a City“ во Битола

На крајот на април една стара битолска куќа се претвори во резонантна точка на урбаната култура. Токму таму се одржа промоцијата на првата компилациска плоча од Битола – We Pretend It’s a City Bitola. Настанот ја надмина формата на класична промоција и стана жива инсталација на градскиот звук.

Публиката беше сведок на неповторлива вечер, во која настапија во живо Фолтин, Паркети, Don Playa, Don Praskiza, како и Крсте Роџевски, кој допатува од Њујорк. DJ сетот на BerryQyet го заокружи настанот со фин звук, седејќи на зелена софа од времето кога Битола била софистициран салон на градските семејства.

Немаше сцена, но имаше магија во таа дождлива вечер.

We Pretend It’s a City е урбан омаж на Битола – документ на независната сцена, без разубавувањ и гламур. На неа се застапени осум артисти:

Страна А

   •   Битола – Крсте Роџевски

   •   Бал – Паркети

   •   Слободната Љубов – Фолтин

   •   Чернобил – Corrosion

Страна Б

   •   Битола – Princess DonatSu

   •   Johnny Amaterche – Johnny Larry

   •   Donplejada – Don Playa

   •   KamenoLom – Bon Praskiza

Зад проектот е Никола Димитровски како продуцент, соработник е Александар Гроздановски. Мастерингот е на Michael / Bladud Flies! од Велика Британија, пресингот е направен во Италија, додека омотот е печатан во Македонија. Дизајнот го потпишува Dimsuro Design Studio.

Изданието е достапно во лимитиран тираж, наменет за сите што сакаат градот Битола да го носат со себе – на игла, на винил, во срце.

фотографка | Емилија Трајковска

Поврзани вести