Skip to main content

„Фрида од Македонија“ со концерт на „Есенски музички свечености“ на 2 ноември

На втори ноември (недела) со почеток во 20:00 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи концерт на женскиот хор „Фрида од Македонија“ насловен „Фрида Музикотерапија“, во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“.

Аматерски женски хор „Фрида“ е формиран во октомври 2023 година. Основач, раководител и диригент на хорот е Сузана Турунџиева – вокален солист и музички педагог. Хорот функционира во 2 секции/групи составени од по 60тина хористки аматери, со големо хорско искуство.

Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Поврзани вести