Skip to main content

Џон Илија Апелгрен одржа јубилеен концерт „40 лета музика“

Џон Илија Апелгрен одржа јубилеен концерт „40 лета музика“  со кој одбележа 40 години музичка кариера.

Публиката уживаше во привилегијата да присуствува на концертна ретроспектива на неговото творештво, од почетоците со рок-групата „Деус“ во 1984 и настапите на Макфест, до концертите „Музичка прошетка“. Песни на француски, португалски и шпански јазик, дела од Драган Ѓаконовски-Шпато и џез-стандарди од репертоарот на Френк Синатра потсетија на најпрепознатливиот македонски џез вокалист.

На концертот, Апелгрин премиерно изведе и свои авторски композиции, како и песни напишани специјално за него од џез-пијанистот, композитор и аранжер Гордан Спасовски, кој ги подготвува и аранжманите за концертот.

Апелгрен  настапи со џез-комбо и гудачки квартет, а специјален гостин ќе биде контрабасистот Мартин Ѓаконовски, со кого соработувал во џез-составот „М2“.

Поврзани вести