Skip to main content

„Центарски улици 4“ за Светскиот ден на уметноста

По повод 15 Април, Светскиот ден на уметноста, денеска на ул. „Македонија“ во Скопје ќе се одржи фестивалот „Центарски улици 4“. Ќе има разновидна програма која почнува напладне со настап на диџеј Папак Басс и изложба на ликовни дела во соработка со Универзитетот ФОН. Следуваат неколку улични шоуа – на Фаз Бабл (13 ч.), Кристијан Бенито (14 ч.), Ѓурчиновски (14.30 ч.).

Програмата продолжува во 18 часот со улични живи статуи и настап на Дина Јашари. Во 19 часот ќе настапи диџеј Бугимен, а во 20.30 часот – Тони Зен.

Поврзани вести