
„Големата вода“ е млад алтернативен бенд од Скопје создаден во 2024, чија цел е да создава музика која претставува рефлексија на градот, а во петок (14 март) тие ќе настапат во скопската кафе-книжарница „Буква“.
„Нивната љубов за музика предизвикува жанровски спојки коишто не ги почитуваат таканаречените ‘правила’ на музиката. Бендот се состои од Никола на тапани, Симон на бас гитара, Лука на гитара и Јован на гитара и вокал“, стои во најавата.
Покрај нив, во „Буква“ ќе настапат и „bolt gun“, кои се претставуваат како „импровизиран екстремен ноиз со еуфоричен дрон“ музика.