Проекција на документарниот филм „Градина“ во режија на Бојан Тантуровски ќе се одржи вечерва во 21 часот во „Лабораториум“ во Скопје. Прикажувањето е во рамките на зимскиот „Македокс“, а по проекцијата ќе се одржи промоција на новата онлајн платформа Doc Around Europe. Влезот на проекциите е бесплатен.
„Градина“ е приказна за последните герила-градинари во Скопје. По триесет и пет години градинарење на ненаселено јавно земјиште во близина на реката Вардар, градинарите се соочени со иселување. Како што се шири градот, тие се принудени да бараат друго земјиште.